Расте бројот на потрошувачки кредити, но и на оние кои тешко се враќаат
Објавено во: Финансии 25 Октомври, 2018
Во вториот квартал од годинава, според усвоениот извештај на Народна банка на Република Македонија, кварталниот раст на нефункционалните кредити изнесуваше 2,1% и беше повеќе присутен во корпоративното кредитно портфолио на банките.
Кварталниот раст на нефункционалните кредити на домаќинствата се забрза до нивото од 3%, за што најголем придонес дадоа потрошувачките кредити одобрени на подолги рокови, односно оние на кои не им се исплатила рата повеќе од 90 дена.
Поради солидниот раст на кредитната активност на банките, учеството на нефункционалните во вкупните кредити во второто тримесечје од годината не се промени во однос на претходниот квартал и изнесува 5,1%.