Разбојник украл 80.000 денари од бензинска во Скопје
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2016
Бензинска пумпа ноќеска е ограбена во Скопје.
На бензинска пумпа на „Макпетрол“ во Скопје, на улицата „Козле“, во 2 часот по полноќ, непознат маж со закана со пиштол од вработените одзел околу 80.000 денари.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.