РАЗГОВАРАВМЕ ДИРЕКТНО, ПРИВАТНО И НА МНОГУ ВИСОКО НИВО СО КРЕМЉ - секоја употреба на нуклерно оружје ќе има катастрофални последици за Русија
Објавено во: Свет 25 Септември, 2022
Високи претставници на американската администрација и порачаа на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици и дека Вашингтон ќе одговори одлучно, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за американската мрежа „Си-Би-Ес“.
- Разговаравме директно, приватно, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија, а САД и нашите сојузници би одговориле многу одлучно во тој случај. Бевме многу јасни и прецизни за тоа што тоа подразбира - рече Саливан, а пренесува руската новинска агенција ТАС С.