19 Април, 2024
0.0258

РАЗГОВОР ЗАЕВ-МЕРКЕЛ: Kaнцеларката го поддржува Договорот постигнат со Грција

Објавено во: Македонија 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка, Ангела Меркел во денешниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев ја потврдила поддршката на Германија за постигнатиот Договор со Грција. 

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците заклучиле дека референдумот е врвен демократски чин и одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата.

Премиерот Заев ја информирал Меркел за текот на подготовките за претстојниот референдум и посочил дека Владата е силно посветена на организирањето фер, демократски и транспарентни услови за реализација на демократското изјаснување на граѓаните.

Премиерот истакнал и дека Владата активно продолжува со реформиските напори во насока на исполнување на условите од заклучоците на Европскиот совет од јуни годинава, особено во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот и реформите во јавната администрација и разузнавачките служби.

Таа дала поддршка и за напорите на Владата за зајакнување на европските и атланските перспективи на Македонија. 

Заев и Меркел разговарале и за конкретни чекори за зголемување на економската соработка меѓу двете држави, како и за други актуелни билатерални и регионални прашања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?