23 Ноември, 2024
0.0257

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Лансирање на интерконтинентална балистичка ракета во показна вежба на руското Министерство за одбрана / АФП / илустрација

Во четвртокот Русија употреби балистичка ракета со ненуклеарна хиперсонична боева глава за прв пат во војната, објави рускиот претседател Владимир Путин.

Украина претходно објави дека Русија користела интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) за напад на Днепар, но во телевизиско обраќање Путин потврди дека е употребена новата ракета „Орешник“.

Тој додаде дека лансирањето е одговор на украинската употреба на оружје со долг дострел од западно производство за напади на руска територија.

Хиперсонични проектили и ICBM

И хиперсоничните проектили и интерконтиненталните балистички ракети (ICBM) претставуваат најсовремена воена технологија, но тие се дизајнирани за различни цели и работат со различни механизми, наведува Newsweek.

Хиперсоничните проектили се познати по нивната екстремна брзина и се движат со брзина поголема од 5 маха (пет пати поголема од брзината на звукот). Поради нивната способност за маневрирање при лет, тие се неверојатно тешки за откривање и пресретнување.

ICBM постигнуваат слични брзини, но следат балистичка траекторија со висок лак, со ограничено маневрирање за време на спуштањето.

Кога станува збор за носивост, ICBM првенствено се користат за испорака на нуклеарни боеви глави на долги интерконтинентални растојанија. Хиперсонични проектили, од друга страна, често се користат за прецизни напади врз критични цели и можат да носат или конвенционални или нуклеарни боеви глави.

Експертите го посочуваат опсегот како клучна разлика во последните тестови. ICBM се дизајнирани за глобален дострел, со дострел од повеќе од 5.500 километри, додека балистичките ракети, како онаа што ја користеше Русија во четвртокот, имаат помал дострел од 1.800 до 5.500 километри, ограничувајќи ја нивната употреба на регионални цели.

фото: EPA-EFE/CATHAL MCNAUGHTON

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА СОРОС ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАСИИ НА САД: Ова е човекот што го номинираше Трамп, „Ќе воведеме ново златно доба“

БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА СОРОС ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАСИИ НА САД: Ова е човекот што го номинираше Трамп, „Ќе воведеме ново златно доба“

ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: „Орешник“ е само шифра, рускиот балистички ракетен систем се вика „КЕДР“

ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: „Орешник“ е само шифра, рускиот балистички ракетен систем се вика „КЕДР“

ПУТИН: Никој нема ракети како Орешник

ПУТИН: Никој нема ракети како Орешник