23 Април, 2024
0.0272

Разрешениот Донев обвинува за „сервилен популизам“ и порачува луѓето да не веруваат во секакви глупости

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот директорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев денеска преку Фејсбук  се огласи по неговото разрешување од 30 јануари.

Тој на оваа тема напиша пост на својот Фејсбук профил. Донев обвинува дека нема време да ги реализира процесите што ги започнал во Агенцијата и како што вели, борбата да ја доведе во ред, со таква „институционална поставеност и политички контекст“, како и за „сервилен популизам“. 

„Сметам дека сега не е ниту време ниту место да зборам за што се случуваше овие неколку месеци, процесите кои ги започнав, а немав време да ги реализирам и борбата што ја имав за да ја доведам во ред агенцијата и колку тоа е можно со ваква институционална поставеност и во ваков политички контекст. Ќе го направам тоа во иднина – ветувам. Сега би сакал само да апелирам да не верувате на секакви глупости што читате по некои медиуми и секако да прочитате и нешто повеќе од насловот. Не верувајте во сервираниот популизам и не ги глодајте коските фрлени за да се заситат гладните за сеир и жртва додека вистинските проблеми остануваат скриени“ - пишува тој. 

Тој не ја почитува одлуката на Владата за разрешување иако не се сложува со истата. 

Владата го разреши Донев поради, како што беше кажано несовесно и невнимателно работење.

Донев беше критикуван во ноември минатата година, кога се обелодени дека тој патувал до Аргентина со лет од бизнис класата, за што платил 220 000 денари.

Тој е долгогодишен граѓански активист и учесник во „Шарената револуција“.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...