24 Април, 2024
0.0269

Реакции по труењето на Праљак во Хаг

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ се обрати околу 16 часот на јавноста и во име на Владата изрази сочувство до семејството на хрватскиот генерал Слободан Праљак, кој денеска испи отров во судница во Хашкиот трибунал, откако му беше потврдена казната од 20 години затвор за воени злосторства во војната во БиХ во деведесеттите години на минатиот век.

„Изразувам сочувство до семејствата на жртвите на сите злосторства извршени во војната во БиХ. Неговиот чин, во кој се го одзеде својот живот, најмногу говори за моралната неправда на кон шесте Хрвати во Хаг. Го изразуваме нашето незадоволство и жалење за изречените казни и би сакал да ве потсетам на помошта и поддршката што Хрватска и ја даде на Босна и Херцеговина кога таа беше нападната од страна на српските сили. Врз основа на договорот со Армијата на БиХ, хрватската армија ја прекина опсадата на Бихаќ и на тој начин го спречи геноцидот. Во сојуз со Армијата на Босна и Херцеговина, хрватската армија ослободи многу области и на тој начин овозможи Дејтонски договор. Хрватска понуди засолниште на стотици илјади бегалци од БиХ, без оглед на нивната националност“- рече премиерот.

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја прекина посетата на Исланд и веднаш се враќа во земјата поради денешните случувања во Хашкиот трибунал при изрекувањето на пресудите на некогашните политички и воени лидери на босанските Хрвати, додека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека попладнево ќе има обраќање до јавноста во врска со случајот.

Познатиот српски адвокат Тома Фила, кој често застапуваше обвинети во Хашкиот трибунал, изјави дека е лесно да се внесе отров во Судот.

Според него, мерките за безбедност за адвокатите и други службеници во Судот се исти како на аеродромите. Се проверуваат метални предмети, чевли, и се одземаат мобилните телефони. Тој додаде дека апчиња и мали количества течности не се регистрираат.

Фила ги коментираше мерките за безбедност откако поранешниот командант на силите на босанските Хрвати, генерал Слободан Праљак денеска се изврши самоубиство испивајќи отров во судница на Хашкиот трибунал. 

Можеби ќе ве интересира

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница