24 Април, 2024
0.0304

Реакција на Бирото за образование: Македонската химна се учи по иста програма

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

По неколкудневните непотврдени информации дека учењето на националната химна на Македонија се исфрлува од наставните програми во основните училишта и реакциите на социјалните мрежи, пристигна демант од Бирото за образование, од каде што велат дека таа се учи уште од прво одделение.

-Со химната на Република Северна Македонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети Општество и Музичко образование, како и во петто одделение каде јасно стои во наставната програма по Општество дека учениците преку интегрирани активности по Музичко образование и по Ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22.05.2008 година).

Во сите наставни програми по музичко образование и во претходните наставни програми“ и во „новите наставни програми“ во општите цели за наставниот предмет стои: ученикот/ученичката да пее песни со разновидна мелодиска линија, а во конкретните цели  (за одделни наставни часови) да пее песни различни по карактер и содржина на македонски јазик и јазиците на народите кои живеат во нашата земја, што остава слобода на наставникот во зависност од контекстот, времето на изведување на наставата, корелацијата со други предмети (поврзано со државни празници, патрони празници итн.) да ја изведува со учениците химната на државата и/или други свечени песни, велат од Бирото за развој на образованието.

Единствената промене во наставата по музчико образование е, велат од таму, слушањето и интерпретирањето на песни од сите заедници што живеат во нашата држава заради зближување на учениците и запознавање со вредностите и традициите на различните заедници и култури.  Учениците ќе слушаат и учат македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки, босански песни. Се останато не отстапува од наставните програми по коишто и претходно се работеше во основните училишта, велат од Бирото.

Претходно Тони Јаревски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, реагираше дека учењето на македонската химна е исфрлено од наставната програма за шестто одделение, а реакција имаше и од Обединетата македонска дијаспора во САД.


Можеби ќе ве интересира

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип