18 Април, 2024
0.0259

Реакција на РЕК Битола: Не сме ние, ЕСМ го води тендерот за набавка на наша механизација

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Подолу е реакција на текст објавен денеска на „Фактор“ добиена од РЕК Битола. Реакцијата ја објавуваме во целост иако во текстот на ниту едно место не сме навеле дека периодот за кој пишуваме е од јуни лани туку од јануари лани и заради тоа не добивме разумно уверување дека текстот е тенденциозен и малициозен. Можеби моментот на објава не е пријатен за некои на кои се однесува, но одговорноста кога некој е на позиција треба да ја има во предвид и кога може да критикува како опозиција. Наш единствен мотив за текстот беше последниот тендер во РЕК Битола што го доби „РУД КОП“ Битола. Уште еднаш благодариме на РЕК Битола за редовно одговарање на наши прашања. Еве ја реакцијата во целост:

 РЕК Битола го оценува како тенденциозен и малициозен написот насловен “Битола има “Премиер лига”, кој игра во неа?”, објавен на интернет порталот “Фактор” на 25.06.2019 година, од авторот со иницијали Р.Ф. РЕК Битола го поддржува и охрабрува слободното новинарско изразување, иако цени дека во случајов терминологијата е несоодветна на сериозноста на прашањето.

 АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола за периодот 26.06.2018 – 21.05.2020 година има предвидено 1.841.647.085 денари за Услуга од градежна механизација на повик, Услуга од ископ на јаглен и јаловина во ПЕ Рудници на РЕК Битола и Работа од ископ на јаловина (инвестициона откривка) за ПК ПЈС Суводол, РЕК Битола. Од предвидените средства заклучно со 21.06.2019 година, искористени се 999.256.431 денари, односно нешто повеќе од половината предвидени средства. Напоменуваме дека се работи за договори со различен рок на траење, а кои се однесуваат на вкупен педиод од околу 23 месеци, односно скоро 2 години. Сумите кои во минатото се трошеа за истата намена во повеќе наврати беа споменати во јавноста и истите драстично се разликуваат во споредба со наведените. Колку за потсетување, во 2015 година, за ископ на јаглен и јаловина биле потрошени 2.362.467.933 денари, а за ангажирана механизација 602.740.316 денари, додека производството на електрична енергија едвај надминало 3.000 GWh.

 Во периодот јуни 2018 година – јуни 2019 година, РЕК Битола го зголеми производството на електрична енергија која се добива со согорување на јагленот ископан во рудниците на комбинатот, за првпат по подолго време. Во текот на зимската сезона која е зад нас, РЕК Битола за првпат по шест години работеше со максимален капацитет на трите блока скоро три месеци, за што исто така неопходна суровина е јагленот ископан во рудниците на комбинатот. Оптимизирајќи ја работата и намалувајќи ги трошоците за производство, РЕК Битола како најголем производствен капацитет на АД ЕСМ, имаше одлучувачко влијание врз скромното намалување на цената на електричната енергија во земјава, за првпат по подолго време, како и врз рекордно извезените количини на електрична енергија на земјава.

Набавката на механизација за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола е постапка која од самиот почеток ја води АД ЕСМ. Односно, РЕК Битола ниту распишал тендер, ниту поништил тендер за механизација. Напротив, во комбинатот со нетрпение се очекува да пристигне механизацијата која ќе биде во наша сопственост.


Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи