24 Април, 2024
0.0278

Реакција на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“: Македонската државност е заснована врз антифашистички начела

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет, стои во дел од изјавата која денеска ја испрати Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова е прва реакција откако Бугарија става вето на евроинтегративниот пат на Македонија. Во изјавата пишува дека универзитетот е продолжувач на традицијата на сесловенските просветитeли и најголем и најстар универзитет во македонската држава, во чии организациски единици се истражуваат, се проучуваат, се негуваат и се афирмираат македонскиот јазик, македонската историја и македонското културно и духовно наследство.

Фактор ја објавува изјавата во целост:

 1. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги поддржува стратешките напори на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ.

 2. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се придружува и ја поддржува Промеморијата на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ.

 3. Универзитетот ги повикува Владата на Република Северна Македонија и сите чинители во евроинтеграциските процеси да ги почитуваат достигањата на македонските научни работници од областа на хуманистичките, општествените и културолошките науки, како и сознанијата на светската славистика, лингвистика и современа историска наука, според кои:

 а) македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет;

 б) македонскиот идентитет е изграден врз колективното сеќавање и врз свеста за традицијата, културата, етнокултурната, политичката и јазичната засебност на македонскиот народ;

 в) процесот на формирање на македонскиот народ и македонската нација во ништо не се разликува од соодветните процеси кај другите балкански народи и нации; формирањето на еден народ не е и не може да биде последица на административен акт;

 г) создавањето на македонската држава е заедничка придобивка од долготрајната борба на македонскиот народ и сите други етнички заедници; ова историско тежнеење доживеало кулминација во антифашистичката војна, поради што македонската државност е заснована врз антифашистички начела.

 4. Оттука, обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

МНОГУ ЛУЃЕ ПОД СЕДУМГОДИШЕН ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СПИЈАТ ПОМИРНО: Се огласи Дурловски

МНОГУ ЛУЃЕ ПОД СЕДУМГОДИШЕН ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СПИЈАТ ПОМИРНО: Се огласи Дурловски

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти