РЕАКЦИЈА ОД СРПСКИТЕ ВЛАСТИ ЗА МОРИНА: Ова е голем срам за меѓународното право
Објавено во: Балкан 14 Август, 2019
За жал, со оваа одлука на Северна Македонија, политиката уште еднаш беше ставена над правото и правдата, реагира српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ во писмената реакција по одлуката на Врховниот суд во Скопје, дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина, поранешен припадник на ОВК во Србија.
„Ова е голем срам за меѓународното право, но тоа е уште поголем удар и голема тага за семејствата на жртвите, кои со децении чекаат правда за своите најблиски. Иако сите потребни придружни докази беа доставени до властите на Северна Македонија, одлуката беше донесена спротивно на вистината и фактите. Србија нема да се откаже од потрагата по сторителите на најтешките дела против човештвото, без оглед на нивното национално или етничко потекло“, се вели во реакцијата.
Тоа им го должиме на жртвите и на нивните семејства, стои во соопштението на министерката Кубуровиќ.
Moрина беше уапсен на Блаце, при влез во Македонија, а се товари за злосторства извршени на Косово.