22 Мај, 2018
0.3161
    ALK 8079.77    -0.23%     GRNT 725.79    -2.33%     KMB 4342.88    -0.71%     MPT 30833.43    2.72%     OHB 6450    -0.75%     PKB 12500    0.01%     RMDEN16 95.5    0%     RZLV 45    2.27%     RZUS 130    4.15%     STB 1013.24    -0.91%     STBP 1108.01    0.47%     STIL 132.23    -0.56%     TKVS 3990    3.22%     TNB 13500.82    -1.58%     TPLF 1606.85    2.09%     TTK 857.29    -0.32%     UNI 2420    0%     ZILU 245    2.94%

РЕБАЛАНС ПРЕД ПРАТЕНИЦИ: Дали македонскиот пица-буџет ќе ги угаси апетитите?

Објавено во: Економија 17 Јули, 2017

Ребалансот за буџетот е пред пратениците. Од денеска стартува собраниската расправа за прекроената државна каса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1.000 амандмани за кои ќе треба да се расправа. Комисиската расправа за ребалансот може да трае 10 дена, додека пленарната седница 5 дена. Тоа значи дека до втори август прекроениот буџет треба да биде изгласан.

Со ребалансот на буџетот за годинава, планирано е да се потрошат 3,3 милијарди евра или околу 50 милиони евра помалку од она што беше првично предвидено. Во државната каса ќе може да се прибeрат 3 милијарди евра или повторно околу 50 милиони евра помалку од она што беше планирано со буџетот. При тоа, кусокот во државната каса, односно дефицитот ќе изнесува 302 милиони евра, или приближно исто колку што беше и без ребалансот.  

За Владата со ребалансот се скратени непродуктивните трошења, луксузирањето на државна сметка и проектите чија реализација има доцнење, додека пак за опозицијата, кратењата се тенденциозни и тоа токму кај проектите почнати од претходната влада.

Со релабалнсот на буџетот, околу 7 милиони евра помалку добива премиерот, потоа 95 илјади евра помалку за трошење ќе има претседателот на државата, скратен е буџетот и на Основното јавно обвинителство, потоа кратења има кај Министерството за земјоделство, за животна средина, транспорт и врски, образование и наука, за здравство, за одбрана, додека кај Министерството за надворешни, за информатичко општество и за труд и социјална работа пак има зголемување на буџетите.  

Но, иако дел од буџетите на министерствата се помали сепак, она што е видиливо е дека парите сепак се пренаменети за она што се сметало за приоритет. Па така, иако Министерство за земјоделство ќе има помал буџет за околу 700 илјади евра, сепак за земјоделство и рурален развој се предвидени повеќе пари и тоа од 1,8 милиони евра.

Во ова министерство практично се скратени заемите од околу 2,5 милиони евра што биле планирани да се земат за проектите чија реализација трае со години, односно за хидросистемот Злетовица и проектот Јужна долина на Вардар. За Јужна долина на Вардар планирани биле заеми од 2 милиони евра, а сега се скратени на 455 илјади евра, додека од буџетот за оваа намена се предвидени 1 милион евра или околу 65 илјади евра помалку. Додека за проектот Злетовица биле предвидени заеми од 1 милион евра, а сега со ребалансот нема да има заеми за оваа намена, додека од буџетот за овој проект се предвидени 138 милиони евра.

Огромно кратење на буџетот  од 20 милиони евра има кај Министерството за образование. При тоа околу 360 илјади евра се скратени од кредити.

При  тоа 1,2 милиони евра се скратени од изградба на зградата на ФИНКИ, потоа 840 илјади евра биле предвидени за Универзитетот Дамјан Груев, сега за тоа нема предвидено воопшто пари, предвидени се помалу пари и за изградба на спортски сали во основни училишта и тоа за 1,7 милиони евра, 540 илјади евра помалку ќе има и за изградба и реконструкција на основни училишта, 360 илјади евра помалку за изградба и реконструкција на средни училишта, а 2,5 милиони евра помалку има предвидено и за изградба и реконструкција на студентски домови, 3 милиони евра се скратени од проекти во средно образование каде влегува укинувањето на програмата Кембриџ. Кратења има и во високото образование, па речиси сите факултети добиваат помалку пари.

Но, повеќе пари се предвидени за ученички и студентски стандард.

Министерството за одбрана добива 8,3 милиони евра помалку со ребалансот. За модернизација на АРМ се предвидени 10 милиони евра помалку, потоа 98 илјади евра се предвидени помалку за интерграција во НАТО.  Повеќе пари се предвидени за реформи во Министерството за одбрана и за меѓународнии активности,  како и за функционирање  на АРМ, за мировни и хуманитарни мисии.

Кај Министерството за здравство вкупниот буџет е намален за 4,4 милиони евра, кај Министерството за култура е намален за 3,7 милиони евра, додека повеќе пари ќе има кај Министерството за труд и социјална политика, кај информатичко општество, Агенцијата за спорт и млади, тие се само дел од институциите се зголемен буџет.  

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

Во кој сектор во земјава земаат највисоки плати?

Во кој сектор во земјава земаат највисоки плати?

ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВО ПРОДАЖБАТА НА АРАНЖМАНИ НА ХОТЕЛСКИТЕ И РЕСТОРАНСКИТЕ УСЛУГИ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВО ПРОДАЖБАТА НА АРАНЖМАНИ НА ХОТЕЛСКИТЕ И РЕСТОРАНСКИТЕ УСЛУГИ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Тведовски убедува дека јавниот долг е ставен под контрола

Тведовски убедува дека јавниот долг е ставен под контрола

Двоцифрен раст: Колку пари им должиме на банките за потрошувачки и за станбени кредити

Двоцифрен раст: Колку пари им должиме на банките за потрошувачки и за станбени кредити

По значајниот пад во февруари: Колку е мартовската просечна плата?

По значајниот пад во февруари: Колку е мартовската просечна плата?

ОФИЦИЈАЛНО: Ова е новиот гувернер на НБРМ

ОФИЦИЈАЛНО: Ова е новиот гувернер на НБРМ

Каква е крвната слика на „Уни банка“?

Каква е крвната слика на „Уни банка“?

Зошто паѓа продажбата на „Усје“?

Зошто паѓа продажбата на „Усје“?

Ќе му пресуди ли новиот закон за енергетика на Димитар Петров?

Ќе му пресуди ли новиот закон за енергетика на Димитар Петров?