28 Март, 2024
0.0267

Ребалансот и растот на БДП: Какви прогнози крои Народната банка

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Владата ја спушти проекцијата за раст на домашната економија, сега на потег е Народната банка. Најновите, октомвриски прогнози најверојатно ќе бидат објавени на почетокот на следниот месец, а според очекувањата и најавите од НБМ, растот годинава е побавен од очекуваниот па и проекцијата на Народната банка се очекува да биде корегирана надолу. Според последните прогнози на централната банка, растот годинава ќе биде 3,2 отсто, но на новите прогнози веќе се работи.

Во ребалансот кој Владата го скори на буџетот за годинава се предвидува раст на македонската економија од 2,8 проценти наместо првично пректираните 3,2 отсто.

Познавачите велат дека и ова е оптимистична прогноза со оглед на тоа што растот во првиот квартал беше нула, а во вториот забрза, ама ситуацијата не е баш најсјајна и сега во третото тромесечје. 

Меѓународниот монетарен фонд минатата недела објави дека очекува раст на македонската економија од само 1,6 процентни за годинава. 

Според проекциите на Фондот, в година Брутодомашниот произвед ќе порасне со стапка 2,6 проценти, за во 2023 година да стаса до раст од само 3,4 проценти. 

Во последниот извештај на Фондот, проекциите за Македонија се намалени драстично. Имено Меѓународниот монетарен фонд во претходната проекција предвидуваше раст на македонската економија од 3,2 проценти годинава. Сега тие очекувања се преполовени.

Такви очекувања имаше и Владата при проекцијата на годинешниот буџет но сега ги намали. Светска банка пред две недели објави дека ги спушта очекувањата за раст на македонската економија за годинава од 3,2 на 2,3 проценти.

Владата објави ребаланс во кој ги скрати парите за капитални проекти кои и така потфрлија годинава, а обезбеди 50 милиони евра повеќе за општините. Инаку цело време претходно се тврдеше дека долгот на општините надминува над сто милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?