09 Август, 2022
0.0250

РЕЦЕСИЈАТА ЌЕ ЈА „УРНЕ“ НАФТАТА НА 65, ПА ДУРИ И НА 45 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ: Проценки на американската Ситигруп

Објавено во: Економија 05 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Цената на суровата нафта може да падне на 65 долари за барел до крајот на оваа година и да продолжи да паѓа на 45 долари до крајот на 2023 година, доколку дојде до рецесија, која по дефиниција ја поткопува побарувачката, проценува американската банка Ситигруп.

„Блумберг„ повикувајќи се на анализите на експерти од Ситигруп, наведува дека ова сценарио се заснова на претпоставката за отсуство на каква било интервенција на производителите од нафтената групација ОПЕК + и пад на инвестициите во нафта.

Цената на глобалната референтна нафта Брент денеска, според последните достапни податоци, изнесува 113,7 долари за барел, а американската нафта WTI се тргува за 110,1 долар за барел.

Анализата на Ситигруп ја споредува моменталната состојба на енергетскиот пазар со кризата од 1970-тите. Засега економистите на оваа банка не очекуваат САД да западне во рецесија.

„За нафтата, историските факти сугерираат дека побарувачката за нафта станува негативна само за време на најлошите глобални рецесии“, велат аналитичарите на Сити во извештајот објавен денеска.


Можеби ќе ве интересира

СИНДИКАТОТ ЈА ПРЕСМЕТА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА ЗА ЈУЛИ - драматично зголемување од над 7.000 денари

СИНДИКАТОТ ЈА ПРЕСМЕТА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА ЗА ЈУЛИ - драматично зголемување од над 7.000 денари

Ги прашавме кумановци дали им недостига работата во Авганистан, еве што ни одговорија...

Ги прашавме кумановци дали им недостига работата во Авганистан, еве што ни одговорија...

Кои се најголемите увозници на струја? Просечната увозна цена била 111 евра за мегаватчас!

Кои се најголемите увозници на струја? Просечната увозна цена била 111 евра за мегаватчас!

БОБАН ГОГОВСКИ ГО ПРЕЗЕМА УПРАВУВАЊЕТО СО „ТЕТЕКС“ - синот го наследи таткото во познатиот тетовски комбинат

БОБАН ГОГОВСКИ ГО ПРЕЗЕМА УПРАВУВАЊЕТО СО „ТЕТЕКС“ - синот го наследи таткото во познатиот тетовски комбинат

Лани потрошено повеќе за изградба на патишта, но со голем пораст на задолженоста.

Лани потрошено повеќе за изградба на патишта, но со голем пораст на задолженоста.

ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување на даноците, имаат друг предлог

ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување на даноците, имаат друг предлог

Вредноста на еврото се намали, а доларот скокна

Вредноста на еврото се намали, а доларот скокна

Финансии: Ќе се дебатира за прогресивниот данок

Финансии: Ќе се дебатира за прогресивниот данок

ДИЗЕЛОТ ЗА ТРИ ДЕНАРИ, 95-КАТА ЗА 3,5 И 98-ТА ЗА ДВА ДЕНАРИ - еве за колку поевтини гортива ќе може да наточите од ноќеска на полноќ

ДИЗЕЛОТ ЗА ТРИ ДЕНАРИ, 95-КАТА ЗА 3,5 И 98-ТА ЗА ДВА ДЕНАРИ - еве за колку поевтини гортива ќе може да наточите од ноќеска на полноќ