29 Март, 2024
0.0277

РЕДИЦИ ЗА ГЛАСАЊЕ ВО ШТИП: Излезеноста на сите ИМ до 11.00 е околу 14 отсто

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во Штип граѓаните утринава масовно гласаат. На повеќе избирачки места се забележани редици за да го остварат правото на глас. На Избирачкото место 2280, од 518 гласачи, правото до 11.00 часот го оствариле 75 граѓани, што е точно 14 проценти од вкупниот број избирачи. И на другите избирачки места, проценото на излезеност е околу 14.

Претседателите од неколку избирачки места се презадоволни од текот на гласањето и од граѓаните, за кои како што велат стриктно се придржуваат до протоколите.

-На денот на изборите граѓаните на Штип се крајно дисциплинирани. Сликата до вчера, кога ретко кој носеше маска низ градот е сосема поинаква. Сите кои дојдоа да гласаат носат маски и ги почитуваат безбедносните мерки за заштита од вирусот.  Не сме дале ниту една од оние кои ги имаме за секој случај, доколку некој не носи. Дури и кога ги замолуваме барем на секунда да ја симнат за идентификација, прашуваат дали мора. Од наша страна исто така се почитуваат протоколите. Постојано правиме дезинфекција на кутиите, на масите, сите сме со визири, со ракавици. Прозорците во просторијата се отворени, така што до сега се тече како што треба, велат од Штип за Фактор.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор