28 Март, 2024
0.0262

Реформаторите бараат итни и коренити реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ЦИВИЛ објави текст во кој го презентира документот од Внатрешната инцијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Во документот, кој  стигнал на адреса на ЦИВИЛ Медиа детално се претставени проблемите и конкретните решенија, според кои партијата треба да се реформира, со цел да стане современа и демократска партиска структура.

„Што означува буквата „Д“ во името на партијата, ВМРО-ДПМНЕ? Секој ќе одговори од прва – ДЕМОКРАТСКА! Да, така е замислена, така треба да биде. Но, дали е така? Се чини дека овде „Д“ стои само за украс. Има едно „Д“ во името и, за жал, врската со демократија завршува тука. Да разгледаме како изгледа „Демократијата“ во ВМРО-ДПМНЕ.  Раководството на партијата распишува конкурс за претседател на општински комитет. Се пријавуваат кандидати кои на почетокот одат на кратко интервју пред комисија. Таа комисија предлага неколкумина кои одат во следна фаза. Во меѓувреме се прават телефонски анкети, а тие неколкумина одат на завршно интервју кај претседателот на партијата. На крај, тој дава предлог на ИК и ИК го избира претседателот на ОК…Тоа е официјално постапката… Кога би бил конкурс за вработување шеф во приватна фирма во која газдата си вработува, оваа постапка би била во ред. Но во партија која сака да биде демократска… хмммм… кој знае!? Може ли на овој начин да се избере најдобриот партиец, или барем некој од најдобрите, за претседател на ОК? Дали воопшто се бира најдобриот, или целата постапка е една обична фарса за да се постави НАЈПОДОБНИОТ? Точно така – да се ПОСТАВИ, а не ИЗБЕРЕ! Уште од почеток, најквалитетните кандидати, многу ретко, практично воопшто не се пријавуваат. Тие знаат дека борбата не е рамноправна и веројатноста за успех е минимална. Едноставно, сакаат да го избегнат бламирањето да бидат отстранети од конкурсот уште на почетокот. Комисијата секогаш е составена од неколку луѓе кои за голем дел од кандидатите не знаат ништо, а ако за некои и знаат по нешто, најчесто имаат некоја погрешна слика. Како од 5 минутно интервју ќе проценат кандидат? Многу тешко, неможно! Колку е отпорна таа комисија од лобирање, врски, фаворизирање? Не е отпорна, ама ИЧ!“ - се вели во текстот. 

Реформаторите велат дека на крај – многу често, не се поставува ниту еден од пријавените кандидати, туку некое сосема петто лице кое воопшто не се пријавило на конкурсот. Објаснуваат дека веројатноста да се избере кандидат кој е критички настроен кон раководството, па макар бил најквалитетниот едноставно е нула. 

Тие имаат забелешки за начинот на кој се бираат луѓето кои ги сочинуваат партиските тела. 

„Од друга страна, раководството се чувствува потполно комотно и неприкосновено, бидејќи не одговара пред никој. Во партијата не постои корективен елемент и претседателот има апсолутна моќ. И најчесниот човек во таков случај ќе забега. Тој е опкружен со послушници кои за да ги зачуваат своите позиции му раскажуваат приказни за големи успеси, за љубовта на сите кон него. Тој самиот си создава перцепција дека е Бог, дека нему се му е дозволено и дека сите кои го критикуваат се предавници. Изгубена е врската со реалноста и колку повеќе неговата позиција е загрозена, послушниците околу него се пожестоко го бранат. Поточно, не го бранат НЕГО, туку се бранат себе, бидејќи најголем дел од нив, без него, во демократска процедура, никогаш не би дошле до тие позиции. Тоа е основната причина за очајната состојба до која е доведена ВМРО-ДПМНЕ. Во овој момент, таа е далеку од модерна демократска партија, каква што претендира да биде. Затоа, мора да се направат коренити промени, под итно!“ - наведуваат реформаторите. 

Бараат модерна и силна партија која ќе биде подемократска. 

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити