19 Април, 2024
0.0334

РЕФОРМАТОРИТЕ ВО БРИСЕЛ: ВМРО-ДПМНЕ мора што поскоро да се реформира

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Претставниците на Внатрепартиската Иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски, Петар Богојески, Костадин Богданов и Драган Лазаров беа на работни состаноци во Брисел, каде што остварија средби во Европскиот Парламент и во Европската комисија.

Оваа посета на членовите на Иницијативата е продолжување на редовната комуникација со Брисел и континуитет на средбите кои беа остварени на минатата посета, во септември, со Европратеникот од Германската ЦДУ на Ангела Меркел, г. Елмар Брок и со г. Кристијан Преда, кој е Известувач на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

На посетата, која се одржа на 17 и 18 октомври, во Европскиот Парламент беа остварени средби со Европратеничката тројка за Македонија: Иво Вајгл, кој е известувач во Европскиот Парламент за Република Македонија, Кнут Флекенштајн, Европратеник од Германија, како и претставници од Кабинетот на Европратеникот Едуард Кукан. Исто така, беа остварени средби и со Заменик-претседателот на Групата на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент, д-р Андреј Ковачев и со претставници на Европската комисија задолжени за следење на напредокот на Република Македонија во Евроинтеграцискиот процес, како и со Поранешниот Амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Ерван Фуере. 

На средбите беа истакнати заложбите за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, како неопходен и незапирлив процес, особено по резултатите што ги оствари партијата на првиот круг од Локалните избори. Истакната е обострана загриженост за падот на рејтингот на ВМРО-ДМНЕ и стабилноста на опозицијата во Република Македонија. Заеднички заклучок е дека ВМРО-ДПМНЕ мора што поскоро да се реформира со цел да биде силна и конструктивна опозиција, која ќе биде коректор на власта, а воедно и ќе придонесува за политички консензус со цел напредок на Република Македонија кон Евро-атлантскиот пат. Истовремено, беше нагласено дека реформите во ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат суштински со цел воспоставување на вистинска внатрепартиска демократија и во таа насока, не треба да се импровизира со организирање на т.н. „приватен партиски конгрес“ по завршување на изборите, кој што може да се одрази штетно, не само на партијата, туку и на демократијата во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне