19 Април, 2024
0.0252

Регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Куманово

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

На 7. март (четврток), 2019  година, во Куманово, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ),  организира регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште. Работилницата ќе се одржи во Занатски Дом во Куманово, со почеток во 12:30 часот.

На настанот ќе се обратат:

·  H.E. Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

·  Г-а Вилма Даугалиене, главен технички советник од ФАО (тим лидер на проектот MAINLAND)

Утрешната работилница е дел на овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци. Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. Земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Североисточниот регион се поканети да присуствуваат.

Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и  Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД.  Сопствениците на земјоделско земјиште ќе бидат исто така информирани како да аплицираат на отворениот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште во текот на март и април 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ