23 Април, 2024
0.0262

Регионални производи и институции за економски развој на Балканот-порака од Подгорица

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Во Подгорица се одржа Македонско – црногорски бизнис форум во присуство на голем број бизнисмени од двете земји, министри и со директно присуство и обраќање на премиерите на Црна Гора и нашата земја.

Претседателот на Стопанската комора на Црна Гора Властимир Голубовиќ, како домаќин посочи дека обемот на размената е на многу ниско ниво и дека постои перспектива за интензивирање и продлабочување на соработката. Вкупната трговска размена во периодот од 2007-2018 година изнесувала околу 413 милиони американски долари.

Извозот од Македонија изнесува 371 милиони долари, додека пак вкупниот реализиран увоз од Црна Гора изнесува 42 милиони. Сепак имајќи го во предвид фактот дека двете земји припаѓаат на ист регион, треба да се работи на зголемување на деловните активности на сите полиња, акцентирајќи ги земјоделско–прехранбениот сектор, хемиската, металната индустрија, градежништвото, туризмот.

Голубовиќ стави акцент на развојот на Црна Гора по влезот на земјата во НАТО алијансата како позитивен пример од аспект на раст на инвестициите за 27,9% во 2018 споредено со претходната 2017 година, перспективноста на земјата која се дефинира како сигурна дестинација за туризам, инвестиции и водење бизнис,

Податоците за обемот на трговската размена не се импресивни и во тој контекст, Форумот е во функција бизнис секторот да предложи заеднички мерки и активности, заеднички да ги утврди приоритетите на тој план и со соодветно ангажирање на владите од двете земји истите побрзо се реализираат, посочи претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Акцентот во своето обраќање Азески го стави на потенцијалите за развој на регионалниот пристап на Западен Балкан преку активностите на Коморскиот инвестициски форум. За таа цел претседателот на Комората, кој истовремено е и заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум и почесен конзул на Република Црна Гора во нашата земја, во обраќањето се осврна на три работи.

1. Прво дека во Стопанската комора на Црна Гора е во функција канцеларија на КИФ со што се потврдува дека во центарот на Балканот веќе се работи на регионалните активности како поддршка на коморските институции.

Преку КИФ се градат два столба за регионот . Едниот треба да го поддржи креирањето на заеднички институции за Арбитража, Кредитно Биро и за поедноставување на царинските процедури што ќе го олесни протокот на стоки и патници на граничните премини меѓу државите од регионот на Западен Балкан. Вториот столб треба да ги поддржи активностите за креирање заеднички производи на Балканот со точно дефинирани услови која компанија учесник во производот што точно добива. За таа цел рече Азески се обезбедени и финансиски средства од германски, австриски и јапонски донатори.

2. Втор значаен момент е што сме во мала земја со голем потенцијал и лидер во регионот по раст на БДП и на странски инвестиции кои лани достигнале над 6,5 милиради евра. Искуството на Црна Гора треба да биде пример за сите земји во регионот. За таа цел, треба да се развива иницијативата за глобална поддршка на малите земји кои евидентираат повисок процент на економски раст. Преку регионот може сериозно да се реализираат проекти кои ќе водат кон побрз и економски развој, како што е потребата за соодветна инфраструктурна поврзаност. Иако Коридорот 10 е целосно комплетиран, гледано десно и лево од него патиштата се во исклучително лоша состојба и тука треба да се работи, акцентираше претседателот Азески. Според него не треба да се занемари потребата за авионско поврзување меѓу двете земји, а и од страна на претседателите на Владите беше наведено дека тоа ќе биде еден од приоритетите во разговорите на заедничката владина седница што се одржува истовремено во Подгорица.

Претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ, ја истакна поддршката на Владата за елиминирање на сите форми на бариери за продлабочување на економската сорботка.

Премиерот Зоран Заев кој во Подгорица е дојден со повеќе министри од Владата средбата ја нарече историска бидејќи истовремено со деловните активности се одржува и заедничка седница на двете Влади на која има можност да бидат донесени и конкретни одлуки а ќе бидат потпишани и неколку Договори за меѓусебна соработка. При тоа на бизнис секторот му порача дека ја има поддршката од политиката и дека сите политички одлуки се во насока на обезбедување услови за поголем економски раст и развој. Дефинирани се слабостите на кои ќе работат двете влади во следниот период за да овозможат побрз економски развој.

По завршување на бизнис форумот се оддржаа и билатерални средби меѓу македонските и црногорските стопанственици од повеќе сектори.

Даниела Михајловска Василевска


Можеби ќе ве интересира

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS