16 Април, 2024
0.0236

РЕГИОНАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ ПРЕКУ ПЛАТФОРМА ЗА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ВО РАМКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамките на активностите за регионална интеграција на земјите од Западен Балкан, едно од многуте важни прашања е воспоставување регионален приод на  системот на средно стручно образование и обука.

Недостигот на стручен кадар со средно образование, надополнет со одливот на кадри надвор од земјите на Западен Балкан, како и трендовите во Европа и во  светот на дигитализација, автоматизација на процесите, комјутеризација, глобализација, се предмет на анализа и решенија во рамките на Проектот „Иницијатива за реформа во образованието во Југоисточна Европа“ („ЕRI СЕЕ“), поддржан од „Култур Контакт“ од Австрија.  

Следејќи ги активностите на европско ниво, иницијативите кои се преземаат преку Проектот „ЕRI СЕЕ“ се во насока на конкретизирање чекори за воспоставување систем на средно стручно образование и обука во рамките на Западен Балкан. За таа цел, веќе е изработена и Платформа која ќе функционира во форма на веб-страна каде ќе партиципираат институциите за средно стручно образование и обука од сите земји од регионот. Целта е преку оваа платформа да се градат политики кои ќе ги изедначуваат или усогласуваат стандардите на занимања во земјите од Западен Балкан и ќе го олеснуваат протокот и движењето на работната сила.


Во таа насока, во Виена беше одржана 5-та средба на учесниците во овој проект, како и претставници од стопанските комори од земјите од регионот членки во Коморскиот инвестициски форум од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина. По претставувањето на Платформата и дискусијата како и во која форма во следниот период истата ќе се развива, на заедничкиот состанок беше констатирано дека мора активно вклучување и на коморите во процесот на креирање регионални активности на полето на средно стручно образование, пред се` преку креирање стандарди на занимање  со цел истите да бидат во функција на бизнис секторот, но и да дадат резултати на одреден период во иднина, со цел да се овозможи проток на работна сила во рамките на регионот и да се намали одливот на кадри.

Во таа насока, коморите се подготвени да партиципираат во процесот. Но она што е многу битно е дека е потребна поддршка на бизнис асоцијациите во целиот регион за реализирање на постапката за вклучување на компаниите во процесот на креирање соодветни стандарди и активности.

Она што треба да се дефинира во следниот период е дали ќе се преземаат активности во насока на креирање стандарди за конкретно занимање кои ќе важат за сите земји од регионот, или пак ќе се креираат стандарди кои ќе се однесуваат само на земјите кои имаат интерес за такво занимање.  

Можеби ќе ве интересира

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред