25 Април, 2024
0.0274

Регулаторна бара да не им се исклучува струја на „социјалците“ во зима

Објавено во: Економија 11 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во предлог-правилата за снабудвање со електрична енергија објавени на 9 август, Регулаторна комисија за енергија бара од избраниот универзален снабдувач да не ја исклучува струјата поради неплатени сметки во зимските месеци кај „ранливите потрошувачи“, односно домаќинствата приматели на социјална помош, средства за нега од трето лице и хронично болните без егзистенција.

„Обврска на универзалниот снабдувач кон ранливите потрошувачи е неисклучување на ранлив потрошувач поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија во месеците декември, јануари и февруари, при што оваа мерка не се однесува на домаќинства во оддалечени подрачја запишани во евиденцијата за ранливи потрошувачи“, се вели во една од предложените обврски.

Снабдувачот ќе мора да упати известување во писмена форма за планираното исклучување најдоцна 40 дена пред исклучувањето до „социјалците“, нема да смее да ги исклучува поради неплатена фактура за испорачана енергија ако од рокот за достасаност за плаќање на сметката не се поминати повеќе од 60 дена, мора да му овозможи одложено плаќање на достасаниот долг или реструктуирање на долгот, при што долгот што е предмет на реструктуирање се исплаќа во најмалку шест еднакви месечни рати, Доколку е исклучен, за повторно вклучување му следи ослободување од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување

Универзалниот снабдувач ќе мора да води евиденција на домаќинствата коишто се стекнале со статус на ранлив потрошувач. 

Регулаторната комисија за енергетика ги повикува сите заинтересирани страни да достават по електронски пат свои сугестии, забелешки и предлози, најдоцна до 29.08.2018 година, по однос на предлог-правилата.

СО либерализацијата на пазарот на електрична енергија, РКЕ со овие правила ги уредува односите на универзалниот снабдувач, снабдувачите, крајните потрошувачи и операторите.



Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија