25 Април, 2024
0.0379

Регулаторна контра дистрибутерите на нафта

Објавено во: Економија 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика со контрадикторен став – признава дека дистрибутерите на нафта имаат зголемени трошоци, ама во иднина нема да им ги признава реално кога ќе ја одредува највисоката цена на бензините. Ова ги изненадува самите компании кои реагираат дека одговорно се однесуваа додека сами на слободен пазар ги формираа цените, па не пресметува високи маржи на конечната цена.

Од понеделник стапува на сила новата методологија според која Регулаторна ќе ја одреди највисоката цена на дериватите кои одат на продажба на бензинските станици. Иако уште при носењето, првиот човек на регулаторното тело зборуваше дека дистрибутерите имаат високи транспортни трошоци и трошок за носење на горивата до пумпите, што требаше да се признава реално, сега вели дека маржите за трговците не може да се според нивните барања. Неколку дена пред понеделник, станува јасно дека регулаторот калкулира со признанените трошоци, затоа што се тврди дека маржата ќе биде под 4,8 денари. За РКЕ тоа е цена која гарантира разумен профит за дистрибутерите, иако и првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски вели овој издаток сега, во споредба со годините претходно е доста зголемен.

За Регулаторна не е прифатливо барањето транспотниот трошок да биде 0,8 денари, ниту маржата да е над 6 денари, какви што беа барањата на компаниите.

Се поставува прашањето дали дистрибутерите сега ќе се доведат во неповолна ситуација како што беа и кога со години не им се наплатуваше за чувањето на државните резерви на нафта, а тие ја складираа нафтата.

Според новите правила, од понеделник Регулаторна комисија за енергетика ќе ја одредува максималната цена на бензините и на дизелот според цената на нафтата на светскиот пазар, курсот на доларот, но и со пресметани трошоци за компаниите во однос на транспортот. Новата методологија стапува на сила во понеделник и цените ќе се формираат секој прв ден во неделата. Додека не ја потпиша, новиот претседател Стево Пендаровски, компаниите сами ги одредуваа цените, па не се случи ниту ценовен шок, ниту пак цените драстично пораснаа.

Иако сега регулаторот „пушта рака“ на пазарот тоа не значи дека проблемите завршуваат оти со ваков став, на диструбутерите, како што тврдат и самите, носењето на дериватите нема да им е воопшто исплатливо. Дали сето ова повторно ќе биде преку џебот на граѓаните и можно ли е да има и проблем со снабдување со горива на бензинските?

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија