РЕГУЛАТОРНА ОБЈАВИ: Oва се цените на горивата од полноќ
Објавено во: Економија 16 Април, 2018
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ.
Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Дизелот од полноќ ќе чини 60 денари за литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесува 68 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 69,5 денари по литар.