24 Април, 2024
0.0328

Реиндустријализација и поголем извоз: Што бараат домашните и странски бизнисмени

Објавено во: Економија 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Зголемување на извозот и реиндустријализацијата се клучна потреба за македонската економија, а за тоа има начелен консензус меѓу власта, стопанството и експертите. Ваков став има и Стопанската комора на Македонија од каде практично и потекнува барањето реиндустријализацијата да биде приоритет. Претседателот Бранко Азески вели дека работите одат во позитивна насока, но дека низ договор со Владата треба точно да се утврдат односите, идните приоритети. На бизнисот му треба предвидливост, добра законска регулатива која нема да се менува често.

„Треба точно да се утврдат зафаќањата од приватниот сектор и што тој треба да врати назад – поголем број отворени работни места, инвестиции, вели претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Вели дека е неопходно Владата да ги поддржува фирмите копи имаат потенцијал за раст и можат да го зголемат растот на државниот БДП. Вели дека тоа се фирмите кои можат да отвораат работни места и да инвестираат.

И странските инвеститори сметаат дека е клучно да има политичка стабилност, а тие да можат да ги предвидат идните чекори.

„Реформата на јавната администрација е голем проект кој допрва треба да се спроведува. Ова не треба да значи намалување на бројот на државните службеници, туку треба да вклучува зголемување на квалитетот на услугите што државата ги дава на граѓаните на деловниот сектор, вели Штефан Петер, Претседател на Совет на странски инвеститори.

Бизнисот своите ставови му ги пренесе и на премиерот Зоран Заев, вчера на промоцијата на Бела книга на странските инвеститори која излегува секоја година од 2006 година. Премиерот рече дека Македонија е фокусирана на реформите и дека очекува позитивен економски исчекор.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?