18 Април, 2024
0.0835

РЕК Битола реагира: Не се четири машини, на наддавањето се поканети шест фирми

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Елекстрани на Северна Македонија (ЕСМ) и РЕК Битола регираат на текстот објавен на Фактор денеска со наслов “Чии се четирите машини за кои РЕК Битола без тендер ќе плати до 3,2 милиони евра?” 

Во реакцијата стои дека не станува збор за 4 туку за 47 машини за кои АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола склучила договори за услуга од користење на помошна механизација по итна постапка во вредност од над три милиони евра. 

Спротивно на основните новинарски стандарди, намерно или не, во текстот се изоставени суштински податоци и информации, со што јавноста е донесена во заблуда. За сериозен медиумски фактор каков што претендира да биде порталот, изненадени сме од леснотијата со која се шпекулира со податоци за работењето на РЕК Битола и АД ЕСМ.

Не се две, туку три фирми кои се избрани за најдобри понудувачи, при што споменатата во текстот е само една од трите избрани. На наддавањето беа поканети шест фирми кои и претходно работеле во РЕК Битола и учествувале и  во редовната постапка за набавка на истата услуга.  Секој малку искусен новинар во економските проблематики и терминологии, знае дека договорите склучени во итни постапки имаат рок на траење до склучувањето на договор со економски оператор избран во редовна постапка. Оттаму, целосно е нејасно како авторите на текстот дошле до податок дека, како што велат, наемот важи една година. На итната постапка со преговори за набавка на услуга од користење на помошна механизација за која авторот на текстот се обидува да пишува, и претходеше оглас за јавна набавка во редовна постапка кој заврши со електронска аукција. Огласот се состоеше од 12 делови, со различен број на машини во секого од нив. Отворањето на понудите беше на 30.07.2020 година и по серија жалби и одлуки на надлежни инстанци, на 11.12.2020 година беа склучени договори за три делови од повикот. Еден дел беше поништен бидејќи ниту еден од понудувачите не ги исполнуваше предвидените критериуми, а еден дел не беше објавен по итна постапка бидејќи стануваше збор за машина за која стручните лица во комбинатот не се произнесоа дека има крајна итност. За преостанатите 7 делови беше објавена итна постапка со преговарање, додека паралелно распишан е и јавен повик со истиот предмет на набавка, во редовна постапка, стои во реакцијата.

Додаваат дека „спротивно на инсинуациите во текстот“, на јавната набавка по итна постапка биле постигнати значително пониски цени од претходните, добиени во редовна постапки, бидејќи согласно законот беше спроведено наддавање.

„Што се однесува до огласот за набавка на помошна механизација за потребите на ПЕ Рудици во РЕК Битола, во комерцијалниот сектор на комбинатот во моментов се подготвуваат договорите за купување на 36 машини. По заокружување на постапката, јавноста ќе биде известена за деталите, стои во објавата. 


Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи