Река мигранти тргна кон Европа, ги запре ли некој?
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2019
270.000 мигранти се упатија кон Европа, но спречени се да стигнат во европските земји.
Но, Турција ја запре реката мигранти. Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, денеска изјави дека во 2018 година во Турција, при обидот да заминат во ЕУ, се запрени 268.003 мигранти кои немале уредни документи.
Сојлу рече дека во првите пет недели оваа година се запрени 16.523 мигранти.
Од потпишувањето на договорот на Турција со ЕУ во март 2016 година, бројот на луѓе кои немаат соодветни документи, а патувале од таа земја кон Унијата, главно кон блиските грчки острови, драстично е намален.
Германија која прими најмногу бегалци, е на чекор да ја преиспита својата политика.
Наследничката на Ангела Меркел и претседателка на Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер, во случај на нов бран бегалци не би постапила како својата претходничка, туку како последно решение би ги затворила границите.