25 Април, 2024
0.0263

„Река ни течеше низ куќа, едвај се спасивме“-сведошво од поплавите во Србија

Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Не сфаќајки ја сериозноста на ситуацијата која и се заканувала на неговото семејство, Драган Милинковиќ од Гуча, чија куќа се наоѓа десетина метри од Бјелица, вчера своето домаќинство се обидел да го одбрани од поплавите, а на крај тој, неговата мајка и девојка, едвај спасиле жива глава.

Тие успеале да се спасат со помош на пожарникари бидејќи надојдената река од поплавите кои зафатија делови на Србија, им го однела ѕидот од куќата и влегла во просторијата.

-Кога надојдената вода почна да го поплавува и навлегува во мојот двор, се обидов продорот на водата да го спречам со табла од маса. Меѓутоа водата не понесе и мене и масата. Избегав дома, едвај влегов, а реката го опколуваше мојот дом-раскажува за српски Блиц Драган.

Тој, мајка му и неговата девојка, според негово раскажување, влегле во една соба очекувајќи поплавниот бран дека ќе ослабне. Се излажал. Само неколку минути подоцна водата како играчка уништила еден од ѕидовите на куќата и навлегла во неа.

Мајка ми и девојката незнаат да пливаат. Во страв водата да не ги однесе, реката која ни течеше низ куќа, сите тројца се качивме на прозорот. Набрзо дојдоа пожарникарите кои не можеа да ни пријдат а водата доаѓаше од сите страни. Се плашевме дека ќе се удавиме. Мајка ми се онесвести од страв па мораа да ја извлекуваат со јаже кое ни го дофрлија од патот - раскажува тој. Водата уништила два ѕида од неговата куќа, а во неа - не останало ништо.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци