20 Април, 2024
0.0274

РЕКА СЕ ПРАЗНИ: Печалбарска Жировница само 4 првачиња, а Велебрдо и Јанче немаат првоодделенци

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во селото Жировница во Општина Марово Ростуше кое има околу 1.000 постојани жители, а исто толку или дури и повеќе се на работа во странство, годинава се запишани само 4 првачиња.

Овој тренд ги загрижува мештаните, посебно постарите кои ги паметат седумдесеттите години кога во една генерација имало по 50 или 60 деца. Илбер Имероски, одговорен за образование во Општината Марово Ростуше вели дека дополнително можно е во текот на учебната година бројот на првачиња да се намали, затоа што едно до две деца најверојатно ќе заминат кај родителите во странство.

„Годините кога имавме голем број првачиња за нас веќе се утопија. На список имаме 3.000 жировничани, но не се тука, и ова отсекогаш бил печалбарски крај, а луѓето се на печалба во Швајцарија, Германија, Италија. Имало и порано заминување, но сега зема замав. Веќе не е како порано, печалбарите ги повлекуваат и семејствата со нив. Во нашата општина селата Велебрдо и Јанче оваа година немаат ниту едно прваче. Велебрдо е големо село, а Јанче е мало село и таму имаме комбинирана паралелка, а лани пак се затвори подрачното училиште во селото Видуше“, додава Имероски.

На ниво на општина имаат 57 првачиња, бројка со која локалната власт е задоволна. Имероски очекува дека и наредните години во Жировница ќе има по неколку првачиња.

Селото има неколку ситни бизниси, но големи шанси за вработување во овој крај нема. 

Најмногу првачиња или 31 се запишале во ООУ„Блаже Конески“ во селото Скудриње. Во ООУ „Ѓорѓи Пулески“ во Ростуше има вкупно 15 првачиња, од нив 12 во училиштето во Ростуше и три во подрачното училиште во Требиште.

Во ООУ„Денче Дејаноски“,во Маврови Анови се запишани три првачиња, едно во училиштето во Маврово и по едно во двете подрачни.

Жировница е на 9,5 километри од општинскиот центар Ростуше, на 26 километри од Дебар и 45 километри од Гостивар. Најголем број жители селото имало во 1991 година, покажуваат статистичките податоци. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите