28 Март, 2024
0.0273

„Рекет“ без новинари на барање на Рускоска: Јанева и Боки 13 протестираа

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Обвинителката Вилма Рускоска побара, а судијата Васка Николовска Масевска прифати на денешното рочиште за случајот „Рекет“ новинарите да не ги слушаат снимките од УСБ -то на осудениот Зоран Милевски-Кичеец, бидејќи „се споменуваат луѓе чиј углед може да биде нарушен“.

Рускоска ова го побара откако претходно обвинетиот Бојан јовановски најави дека овие докази ќе ја „отворат Пандорината кутија“.

Барањето на Рускоска наиде на реакција кај Јовановски, како и кај поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, кои инсистираа  јавноста да остане за да ги слушне снимките.

-Барам да биде оставена јавноста за да се спречат било какви шпекулации за тие снимки, во интерес на јавноста. Вие го имате последниот збор, но во овој случај се изнаслушавме шпекулации за мене и за мои блиски чиј углед беше нарушен. Сметам дека образложението на обвинителката не е издржано, рече Јовановски.

Јанева пак реагираше дека јавноста не била исклучена кога се изнесувале докази кои ја дискредитирале неа лично.

Рускоска претходно рече дека прикажувањето на разговорите од УСБ-то на Кичеец е непотребно одолговлекување на постапката, но дека ќе се слушнат во судницата за да нема сомневање за задни намери.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење