20 Април, 2024
0.0310

„РЕКЕТ“ И СЕ УДРИ ОД ГЛАВА: Неславно завршување на мандатот на Катица во која се гледаше надеж за правда

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Собранието а потоа и Советот на јавни обвинители експресно и едногласно како и што ја избраа така ја лишија од функцијата специјален јавен обвинител.

Катица Јанева официјално е разрешена во Собранието пред денешното истекување на нејзиниот мандат поради незаконско, нестручно и несовесно работење и вмешаност во аферата „Рекет“.

102 пратеници и пресудија на жената во која народот после владеењето на Груевски очекуваше дека кончено ќе има кој да ја врати правдата во државата и фунцкинирањето и владеењето на правото.

Јанева  е осомничена како трето лице во случајот „Рекет“ и се наоѓа во скопскиот затвор Шутка каде е во притвор, откако ОЈО ја прошири истрагата и ја гони за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во објавените телефонски разговори меѓу прво осомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, и оштетениот бизнисмен Орце Камчев на порталот Ла Верита, се слушна и гласот на Катица која на Камчев му вели да не се грижи и дека се ќе биде во ред.

Боки 13 повеќе од два месеци е во притвор поради аферата во која е осомничен дека изнудил од скопскиот бизнисмен Камчев 1,5 милион евра во замена за ослободување од притвор, решение кое морала да го одобри Катица Јанева.

Јанева пак во притвор се наоѓа од 21 август.

Таа за прва шефица на СЈО беше избрана на 15 септември 2015 година кога беше постигнат таканаречениот Пржински договор за формирање на техничка влада и Специјално обвинителство кое требаше да ги процесуира прислушуваните разговори од времето на владата на Груевски.

Тогаш Јанева на таа позиција е избрана со 108 гласа од вкупно 120 во собранието.

Нејзината кариера заврши по четири години врз основа на предлог на извештајот на Советот на јавни обвинители поради како што кажавме несовесно, нестручно и незаконско работење.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан