„РЕКЕТ“ ПРОДОЛЖУВА ДЕНЕС: Ларис Гајсер со нови факти преку радио
Објавено во: Македонија 13 Август, 2019
Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник Ла Верита, најави дека денес ќе изнесе нови факти за случајот кој ја здрма Македонија.
Гајсер на Фејсбук профилот објави дека нови факти ќе соопшти при гостување на Радио Каподистри во 11 часот.
-Македонијо! Утре, 13 август во 11 часот, на Радио Каподистри. Во центарот на нови факти директно од студио-наведе Гајсер.
Гајсер во три продолженија , во онлајн изданието на Ла Верита, објави видео и аудио снимки за рекет од 1,5 милиони евра, кои за пуштање од домашен притвор наводно ги платил бизнизменот Орце Камчев.
Вчера , се огласи и шефот на државата кој бараше кривична и политичка одговорност на сите учесници на аферата , но во истовреме ги критикуваше оние надлежни претставници на институциите кои отишле на одмор во момент на сериозна афера која ги загрижи граѓаните и ги здрма државните институции.