РЕКОРД: Се соочуваат со најголема невработеност во својата историја
Објавено во: Економија 12 Јули, 2019
Турција e со најголема невработеност во својата историја.
Во текот на јуни, бројот на невработени во Турција пораснал за околу 333.000 луѓе со што вкупната бројка сега е 4.417.000.
Податоците на Службата за вработување, покажуваат дека растот на невработеноста во Турција достигнал рекорд на сите времиња.
Бројот на невработените е поголем за трипати за разлика од 2008 година. Причина за невработеноста е силниот пад на економијата во текот на последната година.