РЕКОРД: Светот го преживеа најтоплиот јули
Објавено во: Свет 15 Август, 2019
Јули бил најтоплиот месец измерен на Земјата од кога почнало мерењето на температурата во 1880 година.
Oва е уште еден рекорд за кој научниците велат дека ги поддржува предвидувањата за климатските промени кои ги предизвикал човекот.
Американската национална администрација за океани и атмосфера објави денес дека месец јули бил за 0,95 степени Целзиуси потопол од просекот за тој месец во 20. век.
Со оглед дека јули е најтопол месец во календарот, метеоролозите велат дека тоа значи дека е поставен нов рекорд за тој месец во последните 140 години. Минатомесечните температури го надминале претходниот рекорд за јули, поставен во 2016 година за 0,03 степени.
Тој резултат е очекуван затоа што неколку европски земји, како што се Франција, Белгија и Германија, пријавиле дека во јули ги надминале претходните национални температурни рекорди.