РЕКОРД: Топлотен бран во Сибир
Објавено во: Свет 07 Јули, 2020
Рекордни температури се измерени во рускиот арктички регион.
Топлотен бран ги зголеми температурите во Сибир на рекордно ниво во јуни.
Научниците велат дека ова претставува „предупредувачки крик“ за глобалните климатски промени.
Службата за климатски промени „Коперникус“ во денешно соопштение наведе дека минатиот месец бил најтолиот јуни за рускиот арктички сибирски регион, каде просечните температури се зголемени за повеќе од 5 степени целзиусови од нормалното и за еден степен повеќе во спореба со 2018 и 2019 година, двата претходни регистрирани рекорди во месец јуни.
Сибир, кој е поголем од САД и Мексико заедно, веќе беше загрозен од рекорден број на пожари минатото лето.
Шумарската агенција објави дека од 6 јули имало 246 шумски пожари кои зафатиле површина од 140.073 хектари, во седум региони кои прогласиле вонредна состојба.