29 Јули, 2021
0.0260

Рекорди на задолженост, јавниот долг во вис: Генерации ќе го плаќаат цехот од корона кризата

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2021

Пандемиската криза која силно влиајеше на економијата предизвика турбуленции, страдаше реалниот сектор, а македонската економија се уште го плаќа цехот. Додека меѓународните институции очекуваат дополнителен финасиски стимул за граѓаните, особено за фирмите во следниот период, Владата е во предизвик да ги изменаџира трошењата, во услови кога се зголемува јавниот долг. Министерот за финансии Фатмир Бесими, во својата последна колумна алудираше дека за фискалниот стимул потребно е да се најдат финансии кои ќе треба да се „увезат“, односно да се позајмат. Потребите од идни задолжувања во реалноста се огледаа и во новата Фискална стратегија за периодот од 2022 до 2024 со изгледи до 2026 година. Според проекциите, најкритична ќе биде следната година 2022 кога е предвидено јавниот долг да достигне 65,9 проценти од БДП.  

Еве ги проекциите за јавниот долг по години

2021  63,9% од БДП

2022  65,9% од БДП

2023   65,2% од БДП

2024  62,5% од БДП

2025  60,1% од БДП

2026  57,7% од БДП

Моментно јавниот долг на државата е 62,5 отсто од БДП, а за годинава се очекува долгот уште да расте и да достигне до 63,9 проценти. Експертите велат дека ова се стапки кои влеваат несигурност од идните изгледи и капацитет на земјата да ги враќа старите долгови. Самиот министер за финансии Фатмир Бесими вели дека мора да с енајде начин се што ќе се позајми да се претвори во раст за да имаат можност идните генерации да ги враќаат долговите.

„При задолжувањето, секогаш треба да се има на ум дека трошокот треба да биде помал од бенефитот кој ќе го продуцира, односно идните стапки на раст на бруто-домашниот производ треба да бидат доволни за да го финансираат долгот. Но тоа, за што може да се каже дека има консензус во однос на јавните финансии е фактот дека фискалната консолидација на среден рок претставува важен фактор во обезбедување на одржлив раст. Со едноставни зборови кажано, доколку сакаме да финансираме раст, ако немаме доволна сопствена заштеда, тоа може да го направиме со задолжување, но тоа мора да е економски оправдано за да може да обезбеди одржлив раст. И ова, гледано интертемпорално, меѓугенерациски, ако се задолжуваме денес тоа значи дека треба утре да се врати, а тоа значи дека ако инвестираме денес, утре треба да се видат и бенефитите, или ако една генерација се задолжува, а друга треба да врати, секако дека тие треба да ги имаат и бенефитите од таквата одлука, вели Бесими.

Инаку Владата смета и на намалување на буџетскиот дефицит по години, иако ако немаше криза таа финансиска консолидација се најавуваше за порано. 

„Заложбите за постепена фискална консолидација остануваат приоритет, проектирано е постепено намалување на буџетскиот дефицит до 2,2 проценти во 2026 година, односно 4,3 проценти во 2022 година, 3,5 проценти во 2023 година, 2,9 проценти во 2024 година, 2,5 проценти во 2025 година и 2,2 проценти во 2026 година. Примарниот буџетски дефицит (буџетскиот дефицит без каматните плаќања), исто така, континуирано ќе се намалува од 3 проценти од БДП во 2022 година до постигнување на ниво од 1,2 проценти во 2026 година, соопшти Министерството за финансии.

Сега јавниот долг ќе се врати под 60 отсто дури во 2026 година. Дали обезбедувањето на дополнителни приходи во следнитегодини ќе се прави со зголемување на даноците или нови даноци, засега не е е потврдено. И ММФ сугерираше на внимателност и апелираше да се подобри наплатата

Согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1 процент, а во периодот 2022-2026 година се предвидува просечен годишен раст од 5,4 проценти.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Блиску сме до просечна плата од 500 евра, тврди Шахпаска

Блиску сме до просечна плата од 500 евра, тврди Шахпаска

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Генерали Инвестментс излезе со известување за промена на Депозитарна банка

Генерали Инвестментс излезе со известување за промена на Депозитарна банка

НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА: Андреја Стражишар доби мандат од 4 години

НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА: Андреја Стражишар доби мандат од 4 години

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

ОЧЕКУВАЊАТА НА ЗФ СРБИЈА СТАНАА РЕАЛНОСТ - директорот се пофали со три години успешна приказна

ОЧЕКУВАЊАТА НА ЗФ СРБИЈА СТАНАА РЕАЛНОСТ - директорот се пофали со три години успешна приказна

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: ССМ бара работодавците да го заштитат здравјето на работниците

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: ССМ бара работодавците да го заштитат здравјето на работниците

ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ЗЕЈТИНОТ, ПОРАСНА И ПРОФИТОТ НА „КРИСТАЛ“ - за половина година добивка од 609 илјади евра

ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ЗЕЈТИНОТ, ПОРАСНА И ПРОФИТОТ НА „КРИСТАЛ“ - за половина година добивка од 609 илјади евра

ИНТЕРВЈУ СВИЛАНОВИЌ ЗА ФАКТОР: На бизнисот не му требаат совети, туку вмрежување, олеснување на давачките и решителна поддршка од владите

ИНТЕРВЈУ СВИЛАНОВИЌ ЗА ФАКТОР: На бизнисот не му требаат совети, туку вмрежување, олеснување на давачките и решителна поддршка од владите