Рекордна вработеност во еврозоната и ЕУ
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2017
Вработеноста во еврозоната и Европската унија достигнала рекордно ниво во првиот овогодишен квартал, јави БиБиСи повикувајќи се на податоци на Евростат.
Во ЕУ во период јануари-март биле вработени 234,2 милиони луѓе, од кои 154,8 милиони во еврозоната.
Вработеноста во еврозоната и во ЕУ пораснала за по 0,4 отсто во однос на последни три месеци на 2016 година, додека на годишно ниво е зголемена за 1,5 отсто во еврозоната, а во ЕУ за 1,4 отсто.
Во Естонија е регистриран најголем раст на вработеност, а зад неа следат Малта и Шведска.
Најлоши резултати се забележани во Летонија, Романија и Хрватска.
И покрај силните податоци за вработување, други податоци укажале на забавување на индустриското производство кое во април пораснало по стапка од 1,4 отсто во еврозоната и во ЕУ, во однос на растот од 2,2 отсто од март.