18 Мај, 2025
0.0318

РЕКОРДНИ 247 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ОД КОНЦЕСИИ - двојно поголема наплата поради активностите за контрола

Објавено во: Економија 28 Април, 2025 11:01

Добивај вести на Viber

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигна 247.491.155 денари. Од министерството нагласуваат дека ова претставува повеќе од двојно зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 110.576.324 денари.

Овој значаен раст е резултат на посветените и засилени активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите.

Засилена контрола и активни мерки кон концесионерите

Министерството спроведе сериозни активности за зајакнување на наплатата на надоместоците, вклучувајќи:

- Испраќање писмени опомени до концесионерите со предупредување за можен раскин на концесијата доколку не ги подмират навреме обврските

- Засилување на редовните и вонредните инспекциски контроли на терен

- Едностран раскин на десетина договори со концесионери кои не ги почитувале законските обврски, со уште десетина постапки во тек

- Донесување нов Тарифник за утврдување на висината на надоместоците, кој е во сила од 1 јануари 2025 година.

Нов тарифник: Фер наплата за користење на националните богатства

Со новиот Тарифник, висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за експлоатација на минерални суровини е зголемена до 100 отсто, со цел да се обезбеди правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат:

- Зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30 проценти,

- Надоместок за експлоатација на мермер: 5 отсто од приходот од продадената суровина, наместо од претходна фиктивна цена,

- Зголемување на надоместокот за металични минерални суровини од 2 проценти на 4 отсто,

- Просечно зголемување над 100 проценти за неметалични минерални суровини.

Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се избегне дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Поголема наплата – Поголеми инвестиции во општините

Порастот на наплатата директно влијае врз зголемувањето на буџетите на општините каде што работат концесионерите, како и на буџетот на Република Македонија. Овие средствата се користат  за изградба и одржување на комунална инфраструктура на подрачјето на единиците на локалната самоуправа, проекти за одржлив развој и  енергетска транзиција и за спроведување на проекти за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација.

Можеби ќе ве интересира

Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

ЕСЕНВА СТАРТУВААТ ГРАДЕЖИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДСКИ ВОЗ - првата линија ќе стартува од Зелениково и ќе вози до центарот на Скопје

ЕСЕНВА СТАРТУВААТ ГРАДЕЖИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДСКИ ВОЗ - првата линија ќе стартува од Зелениково и ќе вози до центарот на Скопје

ТУРСКАТА ШАХТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - објектот ќе надминува 13 илјади квадратни метри, еве ги деталите

ТУРСКАТА ШАХТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - објектот ќе надминува 13 илјади квадратни метри, еве ги деталите

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти