Рекордниот залог во Македонија - 460 милиони долари
Објавено во: Финансии 13 Јули, 2018
Од она што „Фактор“ го доби од Централен регистар, најголем залог моментно е удел во компанија која вреди 480 милиони долари, што е рекорд и може само да се претпоставува кој е заложникот-должник, а кој е доверителот.
На второ место и воедн најголем залог во евра вреди 200 милиони евра, додека третиот најголем залог е денарски односно изнесува 1,6 милијарди денари.
Во Македонија има голем залог и во јапонски јени кој е во вкупна вредност од шест милиони јени, а има и од 3,9 милиони германски марки, кои не постојат повеќе како активни девизи, што може да се издвои како најинтересни од она што го дознава „Фактор“.