16 Април, 2024
0.0235

Ремек делo на Леонардо да Винчи ќе се продаде за рекордна сума

Објавено во: Стил 11 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

„Спасителот на светот“, една од преостанатите дваесетина слики на легендарниот ренесансен сликар Леонардо да Винчи наскоро ќе се најде на аукција при што се очекува да достигне сума од рекордни 100 милиони долари што ќе бидат потрошени за едно уметничко дело. 

Сликата која е во сопственост на приватен колекционер од Европа ќе се продаде во Њујорк на 15 ноември на аукција која ја организира Кристи. Спасителот на светот се проценува дека датира од почетокот на 16-от век, најпрво била во сопственост на кралот Чарлс Први, потоа во 18 век повторно била продадена, за во модерното време да се појави во 20 век кога ја купува американски колекционер. Историјата на сликата продолжува откако нов колекционер ја презема сликата во 2005 година со намера да ја реставрира. Процесот траел околу 6 години по што експерти ја повтрдуваат нејзината автентичност.

„За експертите за аукции, ова е Светиот грал“, рече на медиумското претставување на сликата Лоик Гоузер од аукциската куќа.

Сликата пред аукцијата ќе биде изложена во Хонг Конг, Сан Франциско и Лондон, од каде патува за Њујорк, каде што јавноста ќе може да ја види пред аукцијата.

На истата аукција на 15 ноември ќе биде понудена и сликата “Sixty Last Suppers” на американскиот поп артист Енди Ворхол, која е сочинета од 60 репродукции на „Последната вечера“ на Леонардо да Винчи, а се проценува на 50 милиони долари.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре