28 Март, 2024
0.0277

Ќе ја чини ли скапо близината со Боки 13

РЕМЕНСКИ: Од моќен функционер, преку хуманитарец, до осомничена за Рекет

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Некогаш една од ударните тупаници на сега владејачката партија, СДСМ, активна пратеничка и потпретседател на Собранието, Фросина Ременски, е името кое денеска гласно одекна во јавноста како една од осомничените во аферата Рекет. 

Фросина Ременски е функционерот кој е меѓу новоосмничените во случајот Рекет, откако Јавното обвинителство објави дека е поднесена наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице. 

Од обвинителството неофицијално ја потврдија оваа информација. 

Оттаму претходно известија дека едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

А премиерот Зоран Заев кој е и лидер на СДСМ, денеска беше прашан од новинарите дали ќе остане на своето ветување дека секој од партиските членови за кој ќе се докаже вина, ќе биде отстранет од партијата. Тој вели дека стои на својот став, но прво сака да се информира повеќе за овој случај.

„Стојам на својот став. Добив информација дека има соопштение од обвинителството, сега вие ми кажувате дека станува збор за потпретседател на Собранието. Кога некое лице ќе биде осомничено, односно обвинето, ќе почнеме постапка за разрешување од партијата. Повторувам, стојам на ставот, но сакам прво да се информирам за што точно станува збор, дали лицето е обвинето или осомничено, па ќе ги кажете нашите ставови“, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. 

А не така одамна, пред нешто повеќе од еден месец, или точно на 4 септември, Ременски тврдеше дека почесното претседателство или членство во ниту еден момент не подразбира формално правна обврска во одлучување и учество во органи на невладини организации или партија. 


„Самиот термин почесно претседателство претставува и се дава како признание за одредени активности, во сфера која допира активности во која што сте прогласени како почесен член. Почесно претседателство во мегународен сојуз имаат и други лица“, изјави тогаш Ременски. 

Тогаш пратеничката нагласи дека ќе почека Јавното обвинителство да ги утврди квалификациите што правел Меѓународниот сојуз. 

„Ниту јас, ниту вие како новинари не треба да даваме квалификации. По прашњето за грижата на совест, тоа е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме и одговорност, меѓутоа и сите ние имаме и ситуации во животот кога и другаруваме или сме во роднинска врска со луѓе кои можеби сториле или не сториле нешто, а сме биле во некаква комуникација. Тоа не значи дека тоа повлекува и некаква грижа на совест особено ако не се однесува за дејствија поврзани меѓу нас“, потенцираше Ременски. 

Она што е најинтересно, тогаш пред медиумите тврдеше дека не присуствувала на средбите мегу Боки 13 и бизнисмените. А токму од обвинителството денеска објавуваат дека едно од осомничените лица токму во својство на функционер било на тие средби, користејќи го својот авторитет.

На прашањето дали знаела за сомнителните зделки на меѓународниот сојуз, таа одговри дека се што имала да каже соопштила пред обвинителството, и поради тајноста на истрагата не може да го сподели со јавноста. 

Тогаш во Обвинителството се задржа три часа. За новинарите изјави и дека Боки 13 не го посетила во затвор, а за Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец рече дека лично не ги познавала. 

Фросина Ременски беше децидна дека нема ништо против Обвинителството да ја истражи нејзината поврзаност со Меѓународниот сојуз. Не сакаше да зборува дали чувствува грижа на совест што била дел од невладина организација, која сега е под истрага.

Фросина Ременски има 42 години. Родена е во 1977 година во Крива Паланка. Нејзината биографија говори дека дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста. Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност.

Добитник е и на државната награда „Гоце Делчев“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Македонија, а автор е и на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес објавени во домашни и странски научни списанија. 

Во 2009 година е избрана за член на советот за безбедност и НАТО интеграции на СДСМ, а во 2013 година е избрана за потпретседател на централниот одбор на СДСм.

Во ноември 2015 година, пак, ја презеде должноста министер за труд и социјална политика, согласно Договорот од Пржино, заменувајќи го дотогашниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов.

Фросина Ременски е сопруга и мајка на две малолетни деца.


Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант