28 Март, 2024
0.0265

„РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“: Што граѓаните мислат за овој предлог?

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Со Република Илинденска Македонија во јуни може да добиеме  покана од НАТО и сите фондови да се отворат, изјави вчера премиерот Зоран Заев, но граѓаните на оваа тема имаат различни ставови.

Дел од нив воопшто не сакаат да коментираат од страв од притисоци и реперкусии, но се разочарани, дел се против тоа да се менува името на државата, а други пак сметаат дека оваа опција е прифатлива.

„Катастрофа и најголема трагедија по македонскиот народ и држава. По историјата, по идентитетот и интегритетот на Македонија! Неприфатливо силување да се самоуништиме како народ и држава! Мојот став е неприфаќање на промена на името заради шарените лаги влез во НАТО и ЕУ. Дури и да го промениме името, влезот во НАТО и ЕУ, можат да го блокира Бугарија или Албанија!  Многу во тешка состојба нè ставија предавниците, јасно е, штетите се од несогледливи последици по мирот и стабилноста“- вели Виолета Петковска, член на здружението ПРЕРОДБА и СОНЧЕВА ФАЛАНГА и СУМ.

Срамниот предлог „Илинденска Македонија" нè прави народ чија историја почнува од Илинденското востание, вели патриот од Скопје.

„ И се наметнува прашањето: кои сме биле пред тоа? И најважно од сè, со тој предлог и официјално се откажуваме од нашата античка историја. Иако на нашата денешна територија имаме бројни антички градови. Предлогот е срамен и недостоинствен. Ние немаме проблем со нашето име. Грците имаат проблем со нашето име, а нас туѓите проблеми не нè интересираат“ – додава тој.

Кумови не ни требаат, Македонија ни треба, со или без ЕУ ние ќе си бидеме тоа што бевме,  вели Ирена Б.

Јас се противам на промената на името на Република Македонија од неколку причини. Првото е правото на самоопределување како неотуѓиво право на секој човек и секој народ. Овој принцип по својата природа е слободарски и прогресивен, бидејќи му дава право на секој човек и колектив да се именува како што мисли, како што сака и како што треба, значи по својата суштина овој принцип е и антинационалистички, па следствено неговото застапување како принцип, а не само по потреба, е антинационалистички и левичарски. Исто така, македонските левичари не смеат да прифатат промена на името бидејќи со тоа ќе им плукнат во лице на грчките левичари и комунисти, коишто со години трпеа oпресии поради нивниот став дека „правото на самоопределување е основно за секој народ, па така и за македонскиот“. Покрај ова, исто така, прифаќањето за промена на името ќе значи легитимирање и прифаќање на волјата и ставовите на грчката буржоазија и грчките националисти; како и секоја национална буржоазија, така и македонската е антагонистичка, па затоа левичарите во Македонија не смеат да ја остават оваа борба на македонските националисти бидејќи од тоа бенефит нема да имаат работничките движења и партии, туку единствено буржоазијата и во Македонија и во Грција. На крај, треба да се истакне и дека оваа промена се врши со цел зачленување на Македонија во НАТО. Поради тоа сите анти-милитаристи треба да се спротивстават на промената на името како алатка во спречувањето на зачленувањето на Македонија во воената грдосија наречена НАТО“- смета Петар Чуриќ, член на Левица, МО Црвени и ДСП Ленка.

Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и уредник на весникот „Илинден“ вели дека е против промена на името на татковината.

„Мојот став е дека името не треба да се менува, името е нешто свето на секој народ каде и да е. Ставот е Република Македонија е единствено име, а секое додавање во било која форма е геноцид на македонскиот народ од целиот свет“- вели Ѓурѓај.

Сенад Сакиповски од Ромски Младински Центар има понакво мислење и смета дека предлогот е прифатлив.

„Илинден е олицетворение на македонската држава, јазик и идентитет, но од друга страна и настан кој нè обединува сите етникуми кои живеат во Македонија. „Република Илинденска Македонија“ сметам дека е предлог кој ја отсликува историјата на нашата земја и дава перспектива за европска Македонија“- рече Сакиповски.

Сепак, во Грција овој предлог беше окарактеризиран како иредентистички и се бара промена на Устав  и ерга омнес.  Грчкиот премиер, Алексис Ципрас ги информираше парламентарните лидери и претседателот на Грција за последниот предлог за името, но не доби поддршка за „Илинденска Македонија“.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија