Решение има, радијаторите ќе останат топли

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2022
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи изјави дека почна процесот за решавање на пробелемот со парното греење.
Вели дека Владата го заштити интересот на граѓаните.
„Радијаторите ќе останат топли до крајот на грејната сезона“, рече тој.
Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека проблемот е решен и ќе има непрекината испорака на парно греење. Донесена е уредба за прогласување на кризна состојба, и Владата ќе обезбеди средства за субвенции на сметки за топлинска енергија. Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот.
„ТЕ-ТО ќе произведе дополнителна топлинска енергихја, покрај електричната, со што ќе се обезбеди квалитетно и исплатливо снабдување“, рече министерот.
Ќе има деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ. Mинистерот кажа дека ќе биде формирана и комисија која ќе даде предлози, идеи, при што ја повика и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да даде предлози и да се вклучи во решавање на проблемот. За одговорност, кажа дека таа треба да се лоцира во согласност со законите.
Можеби ќе ве интересира
Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ - кои се всушност нивните мотиви?

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија

КОЈ ДОЗВОЛИЛ МЛЕКО СО АФЛАТОКСИН ДА СЕ КОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Трипуновски со шокантно тврдење
ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ - РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“
