28 Март, 2024
0.0323

Ресорт Маврово забрзано се ребрендира со нови инвестиции

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ребрендираниот Ресорт Маврово го промени стариот назив „Заре Лазаревски“ и со низа инвестиции влегува во новата зимска сезона во чиј пик очекува илјадници гости годишно од земјата и регионот.

Ресорт Маврово, под капата на групацијата К.А.К., ги вклучува Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Лоџ и Спортскиот центар Маврово, Галичко бачило, Старо бачило, Трифкова колиба, Клуб Ратрак и пицеријата Ски-школа, како и ски патеки на планината Бистра.

Во моментов групацијата гради надворешен базен во која посетители на еден од хотелите ќе може да се капат на температира од 37 степени на отворено во зимскиот период, а се проширува и паркинг простор за 350 возила со кој се очекува да се зголеми бројот на посетители.

Поголемите инфрастуктурни инвестиции започнаа во 2018 година кога од реномираниот италијанско – австриски производител DemacLenko набавивме и монтиравме современа опрема за заснежување и правење вештачки снег. Таква опрема се користи во светските познати ски центри како што се Шамони, Кицбил, Ст. Мориц, Кронплац. Инвестиравме во 19 шахти, 9 снежни топови, 4 снежни етикови. Системот за вештачки снег на Едносед патеката е во должина од речиси 2 километри и целосно ја покрива. Вкупната инвестиција само во овие активности е 1.000.000 евра“, објанува Огњан Циговски, директорот на групацијата К.А.К. 

Циговски вели дека во моментов се поставува цевковод поврзан со пумпната станица за водените топови на патеката на двосед-жичарницата, додека цевководот на едноседот е веќе поставен а сето тоа се управува од еден компјутерски центар. Првиот човек на Ресорт Маврово вели дека ќе се гради ново бачило со грант од Светска банка, на местото на старото на врвот кое ќе се руши а од таа градба ќе се искористи каменот. На истото место набрзо ќе никне бајк-парк со две патеки, од кои една ќе биде за деца.Тоа е така затоа што мора да се балансира за потребите на гостите и за летниот и за зимскиот период.

Зимската сезона ќе започне штом три дена по ред температурата ќе биде под нулата, а веќе се мисли и на „штедење“ на снегот и поставена е специјална ограда која го задржува ветрот за истиот да не биде расеан онаму каде што не е потребно. Циговски вели дека конкуренцијата го прави своето и дека инвестициите не може да чекаат. Лани е купен нов ратрак и медицинско возило, додека 70 илјади евра се инвестирани во нов систем за греење со енергетска ефикасност. 

Ресортот има единаесет ски-лифтови, три жичари со вкупна должина од 5.700 метри, 25 километри скијачка патека и шест ратраци. Патеката двосед е проширена а отворена е и новата ски патека која се вика „52”. 

Циговски вели дека редовно се бара финансиска помош од меѓународните кредитори и дека инвестициите ќе се засилат следната година кога ќе биде готова студијата на експертот Гир Олсен. Во неврзан разговор вели дека финансирањето од европските фондови не е проблем ако постои посветеност и добар проект.

Ресортот вложи и во обуки на нововработените посветувајќи особено внимание на менаџментот и кадарот вклучен директно во угостителството и односот со гостите, а овде спаѓа обука за вработените на жичара, келнерите и рецепционерите. Центарот вработи и медицински тим, а склучи и договор со Здружението за заштита и спасување на планина и непристапен терен „Асклепиј – Ски патрола“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат