28 Март, 2024
0.0251

Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Дваесет респиратори, донирани од Кралството Норвешка како поддршка на Владата на Северна Македонија за справување со КОВИД-19 пристигнаа во земјата. Десет респиратори се наменети за потребите на болницата 8 Септември, а преостанатите 10 ќе бидат распределени во здравствените установи во земјата, односно во клиничките болници во Тетово, Битола и во Штип, каде што ќе се испратат по две респираторни машини, и по еден апарат во општите болници во Струга, Охрид, Прилеп и во Струмица. За време на денешниот онлајн состанок за официјално потпишување на договорот за  донацијата, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Јерн Јелста, ја нагласија важноста на солидарноста и меѓународната соработка во овие времиња исполнети со предизвици. 

„Овие респиратори нeспорно ќе ги зајакнат нашите капацитети за одбрана од коронавирусот, но и воопшто ќе ги унапредат капацитетите на нашиот здравствен систем за одржување на колективното здравје и обезбедување на здравствени услуги за граѓаните. Северна Македонија и Норвешка во континуитет имаат одлични односи и силна меѓусебна поддршка. Сакам да изразам благодарност до Владата и народот на Кралството Норвешка, за нивната континуирана поддршка за нашата земја, како и за нивната несебична солидарност во овие чувствителни времиња на пандемија со КОВИД-19“, изјави Заменик претседателот на Владата Османи.

Набавените дваесет респиратори значително ќе ги зајакнат капацитетите на здравствениот систем за справување со можниот втор бран на КОВИД-19, и ќе ги зголемат можностите за обезбедување на соодветна нега на пациенти со респираторни проблеми. Овие респиратори со високи перформанси може да обезбедат неинвазивна вентилирачка терапија и во ситуации на транспорт за сите возрасни групи на пациенти, од возрасни до педијатриски, и се одобрени за респираторна терапија во болници, амбуланти, единици на интензивна нега и транспортни единици.

„Навистина сум задоволен што имавме можност да обезбедиме поддршка на властите во Северна Македонија во нивната борба со пандемијата и нивните напори за спасување на животи, преку обезбедување помош за единиците на интензивна нега и подобрување на нивните капацитети и нивно унапредување за евентуалниот втор бран на КОВИД-19 пандемијата. За да го постигнеме ова, ние ги приоретизиравме набавките на клинички респриратори кои помагаат да се спасат животи на пациентите во критична респираторна состојба. Мора да признаам дека со нетрпение го очекував овој ден, кога оваа високо-технолошка здравствена опрема пристигнува во Скопје“, изјави амбасадорот Јелста.

Набавката на приоритетна медицинска опрема и материјали ја спроведува Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги УНОПС, која на глобално ниво ги активира процедурите за итни набавки за да им помогне на земјите да одговорат на кризата предизвикана со пандемијата. Заради огромната глобална побарувачка за медицинска опрема, огромен предизвик претставуваше набавката и транспортот на медицинските респиратори. 

„Како дел од меѓународниот одговор на итната здравствена потреба предизвикана од КОВИД-19, УНОПС ја понуди својата експертиза на владите и донаторите, за да се осигура дека неопходната медицинска опрема ќе биде доставена до земјите. Оттаму, ни претставува огромно задоволство што имавме можност да го поддржиме Кралството Норвешка при набавката на неопходната медицинска опрема, а Владата на Северна Македонија во нејзините напори за справување со пандемијата. Со комбинирани напори и соработка со останатите агенции на Обединетите нации, УНОПС како агенција со мандат за вршење на јавни набавки, достави медицински респиратори на здравствените институции за потребите на граѓаните,“ изјави Микела Телатин, раководител на регионалната канцеларија на УНОПС.

За ефикасна борба со пандемијата на КОВИД-19, потребна е глобална координација и соработка за развој и спроведување на ефективна дијагноза и третман, како и изготвување на соодветна вакцина. Норвешка досега донираше над 350 милиони долари во развој на вакцина и дијагностички техники, вклучително и доделување на грантови на Коалицијата за иновации за подготвеност при епидемии.


Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери