Ресторан се гради во „Јасен“, граѓаните реагираат
Објавено во: Македонија 15 Април, 2019
Загрижени граѓани реагираат со објавување на фотографии дека се гради ресторан кај акумулацијата Света Петка во близина на езерото Козјак во строго чуваниот природен резерват „Јасен“.
Граѓаните се бунтуваат дека се работи за кружна парцела од 972 метри квадратни во приватна сопственост среде огромно пространство на недопрена јавна површина и дека тендерот бил добиен пред осум години по цена од 7 евра од квадрат.