РЕВИЗИЈА НА МИОА: Државни пари за јавната администрација отишле во „ветер“
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2019
Државата трошела милиони за информациски систем за јавна администрација кој не функционира. Ова го утврдиле ревизорите од Државниот заод за ревзија кои заклучиле дека државата трошела пари за набавка на систем за евиденција на вработените во јавната администрација и да ја зголеми нивната ефикасност, но дека системот е нефункционален. Системот е набавен во 2016 година, а до годинава за него во неколку наврати се потрошени дополнителни пари.
Државниот ревизор открил дека според системот во 2018 година има 1.310 државни институции со пријавени 78.320 лица вработени во нив додека од друга страна Министерството во годишниот извештај нотирало дека има 1.314 институции со 132.068 лица кои се во работен однос.
Фактор прв објави за овој случај кој го дрма Министерството за информатичко општетство и администрација.