25 Април, 2024
0.0406

РЕВИЗОРОТ „ЗАГЛАВЕН“ - ќе си трошат ли партиите комотно силни милиони државни пари пред избори

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Како што наближуваат изборите, се посилна е опасноста партиите, како никогаш досега, да си бидат комотни во трошењето на парите, но и во прибирањето на донациите. Проблемот е дотолку поголем што тие од пред година и половина добиваат многу повеќе буџетски средства за нивно финансирање, откако „братски“ го сменија Законот за финансирање на политичките партии. 

Причина за тоа е што политичарите сега никако не можат да се сложат и да најдат човек што ќе биде прифатлив за местото главен државен ревизор. Државниот завод за ревизија, пак, е една од клучните институции што го контролира финансирањето и трошењето на партиите, особено изразено за време на избори.

ДЗР нема директор повеќе од две години, а пред околу два месеци му истече мандатот и на заменик директорот. Конскурсот за прв ревизор беше распишан уште одамна, и се пријавија поголем број кандидати, но работите запнаа на повеќе фронтови. Според неофицијалните информации кои веќе се и еден вид јавна тајна, не само што не можат да се договорат власта и опозицијта, туку и самите владини партнери, СДСМ и ДУИ, никако да ги “испеглаат“ ставовите за тоа кој треба да седне на главното ревизорско столче.

Експертите предупредуваат дека е недопустливо државата да се остави толку долго без прв човек на Државниот завод за ревизија, бидејќи тоа е орган кој го контролира трошењето на јавните пари, преку ревизиите што ги прави врз институциите. 

Но, како што за Фактр објаснува Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси Интернешенел“, ревизорите имаат и сериозна улога во следењето на финансирањето и трошењето на парите на политичките партии, бидејќи значајни средства од буџетот се одвојуваат за финансирање на дневното работење на партиите. Ова од причина што со последните законски измени, и кога нема избори, на партиите им се даваат пари за нивното работење.

За финансирање во услови на избори, Државниот завод за ревизија е едно од телата кое контролира како се слеваат парите на сметките на политичките партии и како тие се трошат за време на изборните кампањи. Во време на избори, ДЗР не смее да се остави да не работи, односно да биде ослабена таа институција, бидејќи треба да постапува навремено, со оглед што во законот постојат рокови во кои партиите треба да ги доставуваат до ДЗР извештаите за донациите што ги добиле, како и за начинот на трошењето на тие средства, а Заводот треба по тие извештаи навремено да постапува“, објаснува Тасева.

Ова значи, додава таа, дека ако за време на избори не постои ДЗР како ефективен орган, во нашиот систем ќе се оневозможат ефективни контроли врз финансирањето на политичките партии и на изборите.

Сепак, Тасева објаснува дека сега, со новите законски прописи, за тоа е најодговорен орган Државната комисија за спречување на корупцијата. Таа ќе мора да врши посериозни контроли на финансиските трансакции на политичките партии.

Инаку, лани во јули, откако се постигна политички договор помеѓу водечките партии во земјава, без претходна дебата, народните избраници со 101 глас „за“ го сменија Законот за финансирање на политичките партии, па наместо 1,8 милион евра како дотогаш, од буџетот сега добиваат 4,5 милиони евра на годишно ниво, или 0,15 проценти од вкупните приходи во државната каса.

Притоа, 30 отсто од парите се распоредуваат подеднакво на сите политички партии кои освоиле најмалку еден отсто од вкупниот број од гласовите на избирачите кои гласале на последните парламентарни  или локални избори. Додека, пак, 70 отсто од средствата се доделуваат на партиите според бројот на освоените мандати во Собранието, или советнички места во општините.

А вчера и самите вработени во ДЗР, дури 90 на број, заеднички излегоа на прес конференција, за да апелираат до политичарите итно да најдат решение. Бидејќи без прв човек, како што тврдат, инстититуцијата е целосно блокирана. Дури 43 ревизорски извештаи не може да бидат комплетно завршени, без потпис од главниот ревизор. 

И самите ревизори вчера предупредија дека изборите не може да се одржат, ако нема ревизија на тоа како се трошат парите во изборната кампања.

Веќе се најавени парламентарни избори. Согласно Изборниот законик, изборите не може да се одржат ако нема ревизија на парите потрошени во изборната кампања“, рече ревизорот Мијалче Дургутов.

Неодамна се одржала и средба меѓу некои од ревизорите со собранискиот спикер Талат Џафери, како и со ресорната комисија во Собранието. Оттаму им било понудено времено решение, а тоа е потписник на сметката да биде вработен од финансискиот сектор во Заводот. Но, тој нема да може да ги потшишува и ревизорските извештаи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг