РЕВОЛТИРАНИ И НЕЗАДОВОЛНИ: На улица покрај угостителите, излегуваат и сметководителите
Објавено во: Економија 22 Април, 2021
Незадоволство од пакетот помош за туристичко угостителскиот сектор, ќе се протестира се додека државата не ги прифати нивните барања во целост.
На протести денес им се приклучуваат и сметководителите. Нивните барања пак се неповратна финансиска помош со цел д асе зачува дејноста и нов закон за вршење на сметководствени работи.
Револтирани од државните институции кои наметнуваат кратки рокови среде пандемија кои е тешко да се исполнат поради ограничени човечки ресурси, товарот кој го имаат на грбот е неиздржлив, валат сметководителите.
Шестиот пакет на мерки нуди државна финансиска помош и за фитнес центрите, игротеки и фотостудија.