РЕВОЛУЦИЈА: Воведуваат работна недела од четири дена
Објавено во: Свет 20 Јули, 2018
Компанија од Нов Зеланд сака да воведе четиридневна работна недела, затоа што експериментот којшто го направилесе покажал за апсолутно успешен. Тестот се покажал толку добро што сега компанија планира да воведе работна недела од четири дена за постојано, пишува Б92. Сите вработени покажале поголема продуктивност, помалку нов стрес и подобра рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, а тоа е поради еден работен ден помалку во текот на неделата.
За време на експериментот, што траел од почетокот на март, до крајот на април, повеќе од 240 вработени биле платени како да работат пет дена во неделата. Проценка за успешноста на екпериментот ја направиле надворешни оценувачи.
Во анкетата, која била спроведена една година претходно, само 54 отсто од вработените изјавиле дека се способни да балансираат меѓу деловното и приватното. По експериментот тој процент се искачил на 78 отсто. Експериментот помогнал да се намали степенот на стрес на работното место за седум отсто, додека тимскиот ангажман скокнал за 20 отсто. Овој експримент е особено важен за Нов Зеланд, кој важи за место кое има најниска продуктивност.