Резултати на акционерските друштва за 2017-та: Бетон Штип со загуба, Гранит со преполовена добивка
Објавено во: Финансии 17 Април, 2018 10:04
НЛБ Банка со 2.124.947 денари и Стопанска банка АД Скопје со 2.044.120 денари се акционерските друштва со највисоки нето-добивки, откако Македонска берза денеска ги објави податоците за 2017-та. Додека вторите имаат пад од 8,73 насто во однос на 2016-та, првите бележат напредок од 34,55 проценти.
Од другите повисоки нето-добивки може да се издвојат Македонски телеком (1,38 милијарди во 2017-та), кој има раст од една третина, и Цементарница УСЈЕ (1,09 милијарди), Алкалоид (809 милиони), Комерцијална банка (845 милиони), кои стојат стабилно со мал пад или нешто поголема добивка во однос на 2016-та.
Најголем пробив во однос на претходната година од оние што котираат на берзата,има консолидираниот Фершпед со пораст од 7.541 насто, односно од 1,27 милиони денари во 2016 до 97,65 милиони во 2017-та. Забележителен напредок имаат и Скопски пазар (6.751.000 ден.) со 226 насто зголемена добивка, ВВ Тиквеш (142.885.000) со 112,1 насто, Витаминка (32.863.000) 81,7 насто, Стопанска банка Битола (43.013.000) со 43 насто, Триглав осигурување (97.709.177) со 53,33 насто, Уни Банка (242.164.000) со 69,43%. Од позначајните, позитивно оствариле уште Хотели Макпетрол (92,66%), Раде Кончар (56,13%), Лотарија на Македонија (227,6%)....
Во забележителен пад се ФЗЦ 11 Октомври, кој пријавил 34 милиони позитива но таа е намалена петкратно за една година, Адинг (2.666.000 милиони) со -72,4 насто, Бетон Штип пријавил загуба од -55.620.000 во 2017-та, Гранит има добивка од 138.388.000, но преполовен пад споредено со година дена претходно.. Градскиот трговски центар од мала добивка во 2016-та направил негатива од речиси 34 милиони денари лани.Од претпријатијата што имаат позитивна добивка но послаби се од година претходно, Топлификација (3.398.000) има голем пад од 69,9 насто, а тука е и Тетекс (58.721.000) со -31,42 %.и Факом (2.319.000) паднат за 87,19 проценти.
Од Македонска бреза велат дека се чекаат уште десетина котирани друштва да ги пријават своите резултати.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





